НАТО: Нема да ја поканиме Украина да влезе во алијансата на самитот во јули

Лидерите на НАТО нема да ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, потврди Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО. „На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот, не разговараме за издавање официјална покана“, изјави тој за новинарите по состанокот со... Текстот НАТО: Нема да ја поканиме Украина да влезе во алијансата на самитот во јули е превземен од А1он.

НАТО: Нема да ја поканиме Украина да влезе во алијансата на самитот во јули

Лидерите на НАТО нема да ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, потврди Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

„На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот, не разговараме за издавање официјална покана“, изјави тој за новинарите по состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, додавајќи дека лидерите ќе разговараат за тоа како Украина да се приближи до алијансата.

Истовремено, Столтенберг предупреди дека замрзнатиот конфликт во Украина не треба да се прифати како замена за завршување на војната.

Сите страни одамна прифатија дека Украина не може да се приклучи на НАТО среде војна, но Киев, поддржан од балтичките земји и Полска, сака датум или временска рамка до која земјата би можела да се приклучи на алијансата по завршувањето на конфликтот.

Текстот НАТО: Нема да ја поканиме Украина да влезе во алијансата на самитот во јули е превземен од А1он.