Најновото од брифингот на руското Министерство за одбрана

Ликвидирана е група од 30 украински војници во насока Херос, како и диверзивна група која се обидела да слета во близина на мостот Антоновски. Во правец на Купјан, руската армија во изминатите 24 часа ликвидирала над 75 украински војници, уништила три автомобили и една хаубица Д-30, информираат од руското министерство... Текстот Најновото од брифингот на руското Министерство за одбрана е превземен од А1он.

Најновото од брифингот на руското Министерство за одбрана

Ликвидирана е група од 30 украински војници во насока Херос, како и диверзивна група која се обидела да слета во близина на мостот Антоновски.

Во правец на Купјан, руската армија во изминатите 24 часа ликвидирала над 75 украински војници, уништила три автомобили и една хаубица Д-30, информираат од руското министерство за одбрана.

-Руската воена група „Центар“ ликвидирала до 90 украински војници, уништила шест единици украинска опрема и ги спречила акциите на украинската диверзантска група во правец Красно-Лимано.

-Руската армија изврши напад со високопрецизно оружје на копнени и морски позиции на оперативно-тактичката група „Доњецк“ на украинската армија, при што беа погодени сите цели.

-Воената група „Југ“ ликвидирала повеќе од 265 украински војници во правец на Доњецк, уништила 14 единици опрема и еден магацин со муниција.

-Севкупно, Киев загуби до 140 војници, три оклопни возила, седум автомобили, две хаубици Д-20, како и една хаубица „Мста-Б“ во јужните правци Донец и Запорожје.

-Минатиот ден руските сили за противвоздушна одбрана соборија две украински крстосувачки ракети „Storm Shadow“, пет проектили од системот „Haymars“, како и 12 беспилотни летала, брифираа од руското министерство за одбрана.

Текстот Најновото од брифингот на руското Министерство за одбрана е превземен од А1он.