Русија изведува тактички вежби на борбени авиони

Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека изведува тактички вежби на борбени авиони над Балтичкото Море со главна цел тестирање на подготвеноста за извршување на борбени и специјални задачи. Екипажите на Су-27 на Балтичката флота гаѓале крстосувачки ракети и лажни непријателски авиони, соопшти Министерството. Главната цел на вежбата е... Текстот Русија изведува тактички вежби на борбени авиони е превземен од А1он.

Русија изведува тактички вежби на борбени авиони

Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека изведува тактички вежби на борбени авиони над Балтичкото Море со главна цел тестирање на подготвеноста за извршување на борбени и специјални задачи.

Екипажите на Су-27 на Балтичката флота гаѓале крстосувачки ракети и лажни непријателски авиони, соопшти Министерството. Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста на летачкиот екипаж за извршување на борбени и специјални задачи според нивната намена. Министерството соопшти дека, покрај усовршувањето на нивните вештини, екипажите на борбени авиони се на 24-часовна борбена должност и го чуваат воздушниот простор на руската ексклава Калининград.

Русија еден ден претходно објави дека два руски борбени авиони Су-27 пресретнале три британски воени авиони кои се движеле над Црното Море кон руската граница. Руското Министерство за одбрана тврди дека пресретнатиот бил авион за извидување и електронско војување RC-135 и два борбени авиони Тајфун. Кога руските ловци им се приближиле, странските воени авиони се оддалечиле од руската државна граница, соопшти Министерството.

Текстот Русија изведува тактички вежби на борбени авиони е превземен од А1он.