Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Москва многу внимателно ги следи сите случувања во Киргистан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој објасни дека руските власти се многу загрижени поради извештаите за обид за државен удар во оваа централноазиска земја. Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, безбедносните сили на Киргистан ги уапсиле учесниците на наводниот државен... Текстот Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања е превземен од А1он.

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Москва многу внимателно ги следи сите случувања во Киргистан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој објасни дека руските власти се многу загрижени поради извештаите за обид за државен удар во оваа централноазиска земја.

Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, безбедносните сили на Киргистан ги уапсиле учесниците на наводниот државен удар, кои планирале насилно да ја преземат власта од претседателот Садир Јапаров.

Сепак, не е познат ниту идентитетот на уапсените, ниту каде се наоѓаат, но операцијата очигледно се одвивала во главниот град на земјата, Бишкек, пренесе Раша тудеј.

Сè уште се очекува дека министерот за внатрешни работи на Киргистан официјално ќе и се обрати на јавноста и ќе ги презентира релевантните информации.

„Засега, очигледно, доаѓаат многу алармантни вести“, рече Песков на прашањето да ги коментира извештаите од Киргистан.

Руските власти „внимателно ги следат“ настаните, додаде тој.

Киргистан е поранешна советска република со околу седум милиони жители и е близок сојузник на Русија. Земјата е членка на Комонвелтот на независни држави, Евроазиската економска унија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Шангајската организација за соработка.

Претседателот Јапаров беше меѓу странските лидери кои присуствуваа на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.

Текстот Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања е превземен од А1он.