Одеса втор ден по ред е цел на руски напади

Одеса наводно била цел на руски напади во текот на ноќта, откако веќе претрпе голем напад вчераутро. Украинската јужна воена команда во раните утрински часови објави соопштение во кое се вели дека Русија напаѓа со беспилотни летала и дека постои закана од ракетен напад, додека на жителите им било советувано... Текстот Одеса втор ден по ред е цел на руски напади е превземен од А1он.

Одеса втор ден по ред е цел на руски напади

Одеса наводно била цел на руски напади во текот на ноќта, откако веќе претрпе голем напад вчераутро.

Украинската јужна воена команда во раните утрински часови објави соопштение во кое се вели дека Русија напаѓа со беспилотни летала и дека постои закана од ракетен напад, додека на жителите им било советувано да одат во засолништа.

Официјални лица подоцна изјавија дека сите 20 беспилотни летала биле уништени од силите за воздушна одбрана. Во средата три лица загинаа, а најмалку 13 беа повредени во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија украинските сили.

Властите соопштија дека противвоздушната одбрана соборила два руски крстаречки ракети „Калибр“, лансирани во средата наутро, но нападот сè уште ја погодил цивилната инфраструктура, вклучувајќи деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, ресторани и продавници.

Текстот Одеса втор ден по ред е цел на руски напади е превземен од А1он.