Пецаков: На почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид, Министерство за транспорт – Нејасни се реакциите на градоначалникот

„Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла… Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација… 7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема... Текстот Пецаков: На почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид, Министерство за транспорт – Нејасни се реакциите на градоначалникот е превземен од А1он.

Пецаков: На почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид, Министерство за транспорт – Нејасни се реакциите на градоначалникот

„Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла… Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација… 7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

„Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности…

Без разлика што не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!“, додава градоначалникот.

На неговата објава реагираше Министерството за транспорт од каде велат дека реакциите на Пецаков за стопирање на градежните работи на автопатстката делница од Подмоље кон Охрид се нејасни.

„Поддршката од централната власт кон општина Охрид е огромна, како никогаш досега, а реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат.

Автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика и нема да дозволиме ничија опструкција да ја блокира реализацијата на овој проект.

Оваа несфатлива реакција доаѓа од градоначалник од политичката партија која остави хаос на истиот автопат, а сега истите тие грчевито се борат тој автопат да не се изгради“, велат од Министерство за транспорт и врски.

„Пецаков треба да има во предвид дека се отстранија сите проблеми на оваа делница кои ги затекнавме од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата. Благодарение на напорите и пристапот на оваа Влада се решија најголемите проблеми и се решија преку 3500 имотно правни пречки помеѓу државата и граѓаните.

Се испроектираа и клучките, се репроектираа косините со што денеска има прогрес на терен.

Кога веќе градоначалникот зборува за поддршка од централната влада сакаме да го информираме дека Владата преку ЈПДП оваа година ќе започне и со рехабилитација на дел од патниот правец од Охрид кон Свети Наум за кој искрено се надеваме дека нема да биде противник за реконстукцијата и на овој патен правец“, се додава во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Текстот Пецаков: На почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид, Министерство за транспорт – Нејасни се реакциите на градоначалникот е превземен од А1он.