Почина познатиот фудбалер на Лидс и Манчестер Јунајтед: Го победи ракот, но го совлада уште една тешка болест

Почина поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Лидс и поранешен репрезентативец на Шкотска, Гордон Меквин. По долга и тешка борба со тешка форма на деменција, тој почина на 70-годишна возраст, а веста ја пренесе неговото семејство. По својата играчка кариера, долго време беше стручен консултант и коментатор на телевизија „Скај“.... Текстот Почина познатиот фудбалер на Лидс и Манчестер Јунајтед: Го победи ракот, но го совлада уште една тешка болест е превземен од А1он.

Почина познатиот фудбалер на Лидс и Манчестер Јунајтед: Го победи ракот, но го совлада уште една тешка болест

Почина поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Лидс и поранешен репрезентативец на Шкотска, Гордон Меквин. По долга и тешка борба со тешка форма на деменција, тој почина на 70-годишна возраст, а веста ја пренесе неговото семејство. По својата играчка кариера, долго време беше стручен консултант и коментатор на телевизија „Скај“.

Меквин играше 184 пати за Манчестер Јунајтед и го освои ФА Купот со нив во 1983 година, а во 2021 година му беше дијагностицирана васкуларна деменција. Неговата ќерка Хејли е репортерка и на „Скај“, а открила дека Меквин во последните денови бил врзан за кревет, дека многу тешко земал течности и храна. Деменцијата е само последниот во низата здравствени проблеми што ги имал, бидејќи во 2011 година му бил дијагностициран рак, кој за среќа го победил.

Покојниот Меквин играше како дефанзивец и ја започна својата кариера во Сент Мирен во 1970 година. За овој клуб играше 57 пати пред две години подоцна да се пресели во Лидс, а по 140 настапи и освоената титула во 1974 година со Лидс, замина во Манчестер Јунајтед. Кариерата ја заврши во Сеико, клуб од Хонг Конг, Кина.

За Шкотска играше 30 пати и постигна дури пет гола од позициите во бековската линија. Тој беше избран да игра на Светското првенство во Аргентина во 1978 година, но се повреди и не можеше да игра на тој Мундијал.

Текстот Почина познатиот фудбалер на Лидс и Манчестер Јунајтед: Го победи ракот, но го совлада уште една тешка болест е превземен од А1он.