Политичар на руска телевизија повика на соборување на Путин и подобрување на односите со ЕУ

Британското Министерство за одбрана известува за интересен настан кој се случи во Русија пред неколку дена. Таму, имено, на телевизија, опозициски политичар отворено повика Путин да биде поразен на изборите и да се подобрат односите со Европа. „На 27 мај 2023 година рускиот опозициски политичар Борис Надеждин се појави на... Текстот Политичар на руска телевизија повика на соборување на Путин и подобрување на односите со ЕУ е превземен од А1он.

Политичар на руска телевизија повика на соборување на Путин и подобрување на односите со ЕУ

Британското Министерство за одбрана известува за интересен настан кој се случи во Русија пред неколку дена. Таму, имено, на телевизија, опозициски политичар отворено повика Путин да биде поразен на изборите и да се подобрат односите со Европа.

„На 27 мај 2023 година рускиот опозициски политичар Борис Надеждин се појави на рускиот канал НТВ и повика на избор на нов претседател во 2024 година за да се обноват нормалните односи со Европа“, пишуваат Британците.

„Надеждин е гласен критичар на војната од почетокот на инвазијата, но ова е многу веројатно првиот повик за отстранување на Путин на руската државна телевизија од почетокот на војната“, пишуваат Британците.

Во текот на изминатите 15 месеци, Русија воведе ограничувања на слободата на говорот што не се видени уште од советско време.

„Меѓутоа, постои реална можност дека неодамнешната остра реторика на националистичките личности како што е сопственикот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, ги охрабрува опозициските фигури да отвораат табу теми“, додаваат Британците.

Текстот Политичар на руска телевизија повика на соборување на Путин и подобрување на односите со ЕУ е превземен од А1он.