(ВИДЕО) Русија: Украинците ја нападнаа Москва со дронови, погодени неколку згради

Во нападот со дронови се погодени неколку згради во Москва со „мали“ оштетувања и без сериозни повреди, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин во вторникот рано наутро. Moscow City Officials have announced that Air Defense Batteries were able to Shoot Down at least 10 Drones which were Detected over... Текстот (ВИДЕО) Русија: Украинците ја нападнаа Москва со дронови, погодени неколку згради е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Русија: Украинците ја нападнаа Москва со дронови, погодени неколку згради

Во нападот со дронови се погодени неколку згради во Москва со „мали“ оштетувања и без сериозни повреди, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин во вторникот рано наутро.

„На местото на несреќата се сите служби за итна помош од градот“, изјави Собјанин.

Руската државна новинска агенција РИА објави дека некои жители на зградата на улицата „Профсојузнаја“ во јужниот дел на Москва се евакуирани. Неколку руски канали на Телеграм објавија дека четири до десет беспилотни летала биле соборени на приодите кон градот. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.

Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов на Телеграм истакна дека биле соборени неколку дронови кои се приближувале кон главниот град на Русија. Неколку руски Телеграм канали исто така објавија дека најмалку четири беспилотни летала биле соборени на периферијата на Москва и во нејзината непосредна област. Се уште не е познато кој е одговорен за нападот.

Москва е оддалечена повеќе од 1.000 километри од Украина и ретко била цел на напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот во Украина, пренесува АФП.

Сепак, ваквите напади станаа почести на други места во Русија. Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат траги од чад на небото над Москва и скршени прозорци на зградите.

Текстот (ВИДЕО) Русија: Украинците ја нападнаа Москва со дронови, погодени неколку згради е превземен од А1он.