Приведено лице во Скопје, пронајдено одземено возило

Вчера попладне во 14.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот Н.М. од село Бојане, скопско, извести МВР. – По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било... Текстот Приведено лице во Скопје, пронајдено одземено возило е превземен од А1он.

Приведено лице во Скопје, пронајдено одземено возило

Вчера попладне во 14.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот Н.М. од село Бојане, скопско, извести МВР.

– По извршени проверки било констатирано дека возилото „дачиа сандеро“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пријавено за одземено од рент а кар компанија. Исто така, кај него била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Приведено лице во Скопје, пронајдено одземено возило е превземен од А1он.