Путин: Армијата и народот спречија граѓанска војна

Владимир Путин им кажа на околу 2.500 припадници на руските безбедносни сили, националната гарда и воените единици дека народот и вооружените сили застанаа заедно против бунтовничките платеници во еднодневниот бунт што заврши во саботата. На митингот на плоштадот во комплексот Кремљ, на Путин му се придружи и министерот за одбрана... Текстот Путин: Армијата и народот спречија граѓанска војна е превземен од А1он.

Путин: Армијата и народот спречија граѓанска војна

Владимир Путин им кажа на околу 2.500 припадници на руските безбедносни сили, националната гарда и воените единици дека народот и вооружените сили застанаа заедно против бунтовничките платеници во еднодневниот бунт што заврши во саботата. На митингот на плоштадот во комплексот Кремљ, на Путин му се придружи и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, чие смена побараа платениците од групата на Вагнер за време на нивниот бунт и маршот кон Москва.

Путин повика на едноминутно молчење во чест на руските воени пилоти кои загинаа за време на бунтот. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека ги отфрлила обвиненијата против платеничката група Вагнер поради краткотрајниот вооружен бунт во текот на викендот.

Новинската агенција РИА објави дека обвинението е отфрлено бидејќи „учесниците ги прекинале своите дејствија директно насочени кон извршување на кривични дела“. Кремљ соопшти дека борците кои учествувале во бунтот нема да бидат кривично гонети и ќе им биде дозволено да се вратат во базата според договорот постигнат во саботата со кој се стави крај на кризата.

РИА исто така јави, повикувајќи се на Министерството за одбрана, дека Вагнер се подготвува да му предаде тешко оружје на министерството.

Текстот Путин: Армијата и народот спречија граѓанска војна е превземен од А1он.