Таткото на малолетниот убиец од Врачар останува во притвор

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на В.К., таткото на малолетниот К.К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Таткото е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се сомничи дека го научил синот како да ракува со... Текстот Таткото на малолетниот убиец од Врачар останува во притвор е превземен од А1он.

Таткото на малолетниот убиец од Врачар останува во притвор

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на В.К., таткото на малолетниот К.К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Таткото е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се сомничи дека го научил синот како да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Притворот е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот, а се наведува како причина и начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело, што доведоа до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непреченото и правично постапување на кривична постапка.

Текстот Таткото на малолетниот убиец од Врачар останува во притвор е превземен од А1он.