(ВИДЕО) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години, од снимката воодушевени од Вардар до Триглав

Словенецот Јошко не ја криеше среќата, воодушевувањето, па дури и солзите кога од возот се симнаа неговите другари од ЈНА Салих и Ацо, кои ги нема видено 33 години, од војската. Но овој јуни ги пречека на неговата свадба. видеото е објавено го групата „Пронајди ги другарите од поранешната ЈНА“... Текстот (ВИДЕО) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години, од снимката воодушевени од Вардар до Триглав е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години, од снимката воодушевени од Вардар до Триглав

Словенецот Јошко не ја криеше среќата, воодушевувањето, па дури и солзите кога од возот се симнаа неговите другари од ЈНА Салих и Ацо, кои ги нема видено 33 години, од војската. Но овој јуни ги пречека на неговата свадба. видеото е објавено го групата „Пронајди ги другарите од поранешната ЈНА“ на Фејсбук.

„Денеска ми е свадба, од лево десно јас, десно, Јошко Бен, на средина поручник Салих Авдиќ и разводникот Ацо Крстевски, не сме се виделе 33 години, а денес моите пријатели дојдоа на свадба напиша на српски со малку словенечки Јошко, некриејќи го искреното задоволство што после толку децении конечно ги среќава луѓето со кои имал искрено пријателство.

– Сакаш кафе, сакаш ракија, сакаш пиво – го праша домаќинот и младоженец Јошко поранешниот претпоставен, поручник и другар, од ЈНА, кој беше исто толку возбуден, но и покрај тоа застана за миг, воен поздрав во мирен став. Потоа тоа имаше само долги прегратки без зборови и солзи.

Текстот (ВИДЕО) Другари од ЈНА се сретнаа по 33 години, од снимката воодушевени од Вардар до Триглав е превземен од А1он.