(ВИДЕО) Голема птица удри во авион, крвавиот пилот продолжи да лета: Застрашувачка снимка од пилотската кабина

Голем инцидент се случи во Еквадор кога огромна птица удри во авион и ја скрши шофершајбната. Во видеото кое кружи на социјалните мрежи, пилотот Ариел Валиенте го управува авионот додека долниот дел од стомакот на животното е пред него. Capitán Ariel Valiente,hoy en Vinces. Lo que puede hacer un pájaro... Текстот (ВИДЕО) Голема птица удри во авион, крвавиот пилот продолжи да лета: Застрашувачка снимка од пилотската кабина е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Голема птица удри во авион, крвавиот пилот продолжи да лета: Застрашувачка снимка од пилотската кабина

Голем инцидент се случи во Еквадор кога огромна птица удри во авион и ја скрши шофершајбната. Во видеото кое кружи на социјалните мрежи, пилотот Ариел Валиенте го управува авионот додека долниот дел од стомакот на животното е пред него.

Пилотот се сними како управува со леталото, а лицето и униформата му се облеани во крв.

Сепак, капетанот успеа да ја задржи присебноста, но и стабилноста на леталото.

Овој необичен инцидент се случи во провинцијата Лос Риос во Еквадор, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Воздухопловните власти се уште не успеаа да ја утврдат висината на која се наоѓало леталото, ниту пак рутата по која се движел. Медиумите јавуваат дека големата птица починала неколку минути по ударот.

Текстот (ВИДЕО) Голема птица удри во авион, крвавиот пилот продолжи да лета: Застрашувачка снимка од пилотската кабина е превземен од А1он.