(ВИДЕО) Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот

„И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај. Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а... Текстот (ВИДЕО) Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот

„И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај. Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а Димитар Ковачевски е пионот кој што е поставен да ја менаџира истата“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Искажувам благодарност до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ односно на нашите градоначалници кои што први излегоа да им помогнат на граѓаните со својата механизација од јавните претпријатија.

Исто така искажувам благодарност затоа што ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше помош, финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата.

И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и на ваши, на вмровски и сдсмовски“, соопшти Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (ВИДЕО) Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот е превземен од А1он.