(ВИДЕО) Лекар проговори за состојбата на Ана Николиќ: Ја објасни причината за раните на лицето

– Сакам да кажам дека споделувањето вакви видеа не помага никому, дури ни на неа, дури е многу нехумано – рече тој. Пејачката Ана Николиќ е во центарот на вниманието откако се појави видео на кое може да се забележат огромни промени на нејзиното лице, по што изјави дека и... Текстот (ВИДЕО) Лекар проговори за состојбата на Ана Николиќ: Ја објасни причината за раните на лицето е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Лекар проговори за состојбата на Ана Николиќ: Ја објасни причината за раните на лицето

– Сакам да кажам дека споделувањето вакви видеа не помага никому, дури ни на неа, дури е многу нехумано – рече тој.

Пејачката Ана Николиќ е во центарот на вниманието откако се појави видео на кое може да се забележат огромни промени на нејзиното лице, по што изјави дека и треба помош и дека нема ни 100 динари на сметката во банка.

Бидејќи оваа снимка ја разбранува јавноста, сега се огласи и лекарот Миќа Арсениќ, која преку Тик Ток ја откри позадината на приказната.

– На видеото што кружи велат дека проблемот на кожата е последица од алкохол и синтетички дроги, т.е. метамфетамин, кој е многу сличен на кокаинот и може да предизвика промени на лицето, но прашање е каков – рече тој, па продолжи:

– Она што можам да ви го кажам е дека такви промени сигурно нема да се случат. Зависниците од метамфетамин може да развијат кожни лезии кои се јавуваат како резултат на „копање“. Си го „чепкаат“ лицето и затоа изгледа така.

@ascericm

poštujte žene!

♬ Blade Runner 2049

– Она што веројатно и се случило на Ана Николиќ е тоа што е последица на лоши ласерски третмани, што често се случува кога одите кај непрофесионален и обучен лекар или козметичар – истакна тој, па додаде:

– Сакам да кажам дека споделувањето вакви видеа не помага никому, па ни на неа, дури е многу нехумано.

Текстот (ВИДЕО) Лекар проговори за состојбата на Ана Николиќ: Ја објасни причината за раните на лицето е превземен од А1он.