(ВИДЕО) Неверојатна снимка: Шимпанзо кое го помина целиот живот во кафез првпат го виде небото

На социјалните мрежи како молња се шири неверојатна снимка од шимпанзо кое првпат гледа отворено небо. 20-годишното шимпанзо Ванила, кое беше спасено од озлогласената Лабораторија за експериментална медицина и хирургија на примати во Њујорк, првпат виде отворено небо откако пристигна во прифатилиште на Флорида. Ванила никогаш не го напуштила малиот... Текстот (ВИДЕО) Неверојатна снимка: Шимпанзо кое го помина целиот живот во кафез првпат го виде небото е превземен од А1он.

(ВИДЕО) Неверојатна снимка: Шимпанзо кое го помина целиот живот во кафез првпат го виде небото

На социјалните мрежи како молња се шири неверојатна снимка од шимпанзо кое првпат гледа отворено небо.

20-годишното шимпанзо Ванила, кое беше спасено од озлогласената Лабораторија за експериментална медицина и хирургија на примати во Њујорк, првпат виде отворено небо откако пристигна во прифатилиште на Флорида.

Ванила никогаш не го напуштила малиот кафез во просторот во кое била со децении.

На видеото таа не ја крие радоста и изгледа како да е маѓепсана од нејзиното ново живеалиште на мајмуни.

Инаку, Ванила живеела во озлогласената лабораторија до својата втор години. Лабораторијата била затворена во 1997 година, а Ванила била меѓу групата мајмуни кои биле префрлени во Калифорнија. Таму, сепак, таа била затворена во поголем простор во засолниште кое престана со работа во 2019 година и беше загрозено од пожари.

Минатата година, засолниште за шимпанза обезбеди локација од 150 хектари во Флорида и ги префрли приматите.

На видеото се гледа и дека алфа мажјакот Двајт прв ја поздравил Ванила со огромна прегратка.

„Ванила живееше во Калифорнија со неколку шимпанза во кафез со ограда со синџир и без трева“, изјави приматологот Ендрју Халоран, кој го снимил неверојатниот момент.

Засолништето на Флорида е дом на 226 шимпанза отфрлени од лаборатории, индустријата за забава, трговија со егзотични домашни миленичиња, импровизирани зоолошки градини, многу од нив претходно биле во самица и никогаш порано не биле во интеракција со други шимпанза.

„Ванила се смести многу добро. Кога не го истражува островот со своите пријатели, обично може да се најде на врвот на трикатна платформа за искачување како го набљудува нејзиниот нов свет“, додава експертот.

Халоран вообичаено ја проценува личноста на секое ново шимпанзо кое ќе пристигне во засолништето за да открие со која од заедниците најдобро се вклопува.

“Ванила се согласува со сите други 18 шимпанза. Таа има особено игрива врска со алфа мажјакот Двајт, од кого краде храна”, вели Халоран.

Текстот (ВИДЕО) Неверојатна снимка: Шимпанзо кое го помина целиот живот во кафез првпат го виде небото е превземен од А1он.