ВИДЕО: Во Приштина убиено едно лице, било во автомобил со македонски регистарски ознаки

Едно лице е убиено во Приштина вчера околу 20 часот, потврди локалната полиција, пренесува Клан Косова. Според извештаите на Агрон Боровци, портпаролот на полицијата, дошло до пукање. „Полицијата е на терен, а според првите пријави на лекарот од Итна помош едно лице е пронајдено без знаци на живот“, рече тој.... Текстот ВИДЕО: Во Приштина убиено едно лице, било во автомобил со македонски регистарски ознаки е превземен од А1он.

ВИДЕО: Во Приштина убиено едно лице, било во автомобил со македонски регистарски ознаки

Едно лице е убиено во Приштина вчера околу 20 часот, потврди локалната полиција, пренесува Клан Косова.

Според извештаите на Агрон Боровци, портпаролот на полицијата, дошло до пукање.

„Полицијата е на терен, а според првите пријави на лекарот од Итна помош едно лице е пронајдено без знаци на живот“, рече тој.

Како што може да се види на видеото од местото на настанот, се се случило во близина на зградата која е во изградба.

Според косовските медиуми, жртвата била во возило со македонски регистарски таблици.

Текстот ВИДЕО: Во Приштина убиено едно лице, било во автомобил со македонски регистарски ознаки е превземен од А1он.