Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Најдобриот светски тенисер и освојувач на рекордни 23 грен слем титули, по третиот триумф во кариерата во Париз, ја започна 388-та недела од владеењето во светскиот тенис. Така ќе има можност дополнително да го подобри рекордот кој одамна го поседува. Ѓоковиќ е на чело на листата со 7.595 бодови, а... Текстот Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100 е превземен од А1он.

Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100

Најдобриот светски тенисер и освојувач на рекордни 23 грен слем титули, по третиот триумф во кариерата во Париз, ја започна 388-та недела од владеењето во светскиот тенис.

Така ќе има можност дополнително да го подобри рекордот кој одамна го поседува.

Ѓоковиќ е на чело на листата со 7.595 бодови, а од врвот го симна шампионот на УС Опен, Шпанецот Карлос Алкараз, кого претходно го совлада во полуфиналето.

Тоа практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде на Вимблдон како број еден и таму ќе ја започне одбраната на титулата како прв носител.

Алкараз е втор со 7.175 поени или 420 поени зад најдобриот.

Данил Медведев падна од втората на третата позиција и има 6.100 бодови, додека финалистот на Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд остана на четвртото место и има 4.960 бодови.

Што се однесува до првите десет, уште една промена, Русинот Карен Хачанов, кого Новак го победи во четвртфиналето, скокна од 11. на 10. место и има 3.125 бодови.

Се случи она што беше најавено – Рафаел Надал, кој не можеше да игра поради повреда, загуби 2.000 поени и како резултат на тоа испадна од Топ 100 на светската листа.

Рафа падна за дури 121 позиција и оваа недела ја заврши на 136. место.

Текстот Ѓоковиќ е повторно број еден на АТП, Надал испадна од топ 100 е превземен од А1он.