Фернандо Торес ја тужи шпанската држава

Пензионираниот фудбалер Фернандо Торес (39) ја тужи шпанската држава затоа што верува дека неговиот синџир теретани бил оштетен од „интензивните мерки“ на владата за време на пандемијата на коронавирус, објави „Ел Конфиденсиал“. Торес, тренерот на У-19 тимот на Атлетико Мадрид и сопственик на теретаните Њу Фитнес, бара од владата отштета... Текстот Фернандо Торес ја тужи шпанската држава е превземен од А1он.

Фернандо Торес ја тужи шпанската држава

Пензионираниот фудбалер Фернандо Торес (39) ја тужи шпанската држава затоа што верува дека неговиот синџир теретани бил оштетен од „интензивните мерки“ на владата за време на пандемијата на коронавирус, објави „Ел Конфиденсиал“. Торес, тренерот на У-19 тимот на Атлетико Мадрид и сопственик на теретаните Њу Фитнес, бара од владата отштета од речиси 800.000 евра.

Торес рече дека во 2019 година, односно пред пандемијата, неговите спортски сали имале профит од околу 100 илјади евра, но поради безбедносните мерки на владата и Мадрид изгубиле пари. Шпанските медиуми јавуваат дека локалниот суд го префрлил случајот на Врховниот суд.

Торес беше фантастичен напаѓач кој кариерата ја помина во Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и Милан. За шпанската репрезентација има 110 настапи и 38 голови. Тој освои две европски и едно светско првенство, Лигата на шампионите со Челзи, две Лига Европа со Челзи и Атлетико и ФА Купот. Откако ја заврши кариерата како член на Саган Тосу во 2019 година, физички зајакна работејќи во теретана.

Текстот Фернандо Торес ја тужи шпанската држава е превземен од А1он.