Експлозија во Макиивка, ранети се 25 лица, две деца се меѓу повредените

Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, ранети се 25 лица, соопштија руските власти. Шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал Телеграм изјави дека две деца се меѓу повредените во нападите врз градот. „Експлозијата ја почувствуваа... Текстот Експлозија во Макиивка, ранети се 25 лица, две деца се меѓу повредените е превземен од А1он.

Експлозија во Макиивка, ранети се 25 лица, две деца се меѓу повредените

Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, ранети се 25 лица, соопштија руските власти.

Шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал Телеграм изјави дека две деца се меѓу повредените во нападите врз градот.

„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макиивка и Доњецк“, рече тој.

Според Пушилин, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка. На украинскиот телеграмски канал СтратКом беше објавено видео на мобилен телефон од силна експлозија во градот, во која се тврди дека се работи за напад на руска воена база.

Текстот Експлозија во Макиивка, ранети се 25 лица, две деца се меѓу повредените е превземен од А1он.