Началникот на српската војска Мојсиловиќ за Косово: „Ако војската добие наредба, целосно ќе ја изврши

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ се осврна на ситуацијата на Косово и Метохија. Ова се случи по видеата на кои косовските специјалци беа забележани во Јужна Митровица и се шпекулира дека ќе се упатат кон север. „Српскиот народ е изложен на страшен погром од режимот... Текстот Началникот на српската војска Мојсиловиќ за Косово: „Ако војската добие наредба, целосно ќе ја изврши е превземен од А1он.

Началникот на српската војска Мојсиловиќ за Косово: „Ако војската добие наредба, целосно ќе ја изврши

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ се осврна на ситуацијата на Косово и Метохија.

Ова се случи по видеата на кои косовските специјалци беа забележани во Јужна Митровица и се шпекулира дека ќе се упатат кон север.

„Српскиот народ е изложен на страшен погром од режимот во Приштина, српскиот народ е секојдневна мета на Аљбин Курти, а неговата единствена вина е што има српски имиња и презимиња и што не сака да ги напушти своите вековни огништа. “, рече Мојсиловиќ на почетокот на својот говор.

Тој додаде дека „теророт што го спроведува режимот на Курти повеќе не може да се издржи физички и психички“.

„Согласно сите факти и заради коректна и професионална соработка, го информирав командантот на КФОР дека нервозно ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок. Ова е нашата молба до единиците на КФОР, до сите од КФОР и другите меѓународни институции на Косово и Метохија“, рече Мојсиловиќ.

Тој додаде дека српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Република Србија и Повелбата на ОН, доколку добијат наредба од врховниот командант, ќе ја спроведат во целост.

Текстот Началникот на српската војска Мојсиловиќ за Косово: „Ако војската добие наредба, целосно ќе ја изврши е превземен од А1он.