ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска, дрво падна на 15 годишно девојче

Големо невреме пристигна од Словенија кон северот на Хрватска, каде врнежите се пропратени со силен ветер. Силен град имало и кај Вараждин. Во Загреб дуваше силен ветер и врнеше. Соборени се неколку дрвја, а ветрот ги однел и покривите од неколку згради. При паѓање на дрво во Загреб повредено е... Текстот ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска, дрво падна на 15 годишно девојче е превземен од А1он.

ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска, дрво падна на 15 годишно девојче

Големо невреме пристигна од Словенија кон северот на Хрватска, каде врнежите се пропратени со силен ветер. Силен град имало и кај Вараждин.

Во Загреб дуваше силен ветер и врнеше. Соборени се неколку дрвја, а ветрот ги однел и покривите од неколку згради. При паѓање на дрво во Загреб повредено е 15 годишно девојче кое било пренесено во КБЦ Загреб.

ДХМЗ и Дирекцијата за цивилна заштита денеска предупредија на грмотевици кои се очекуваат попладне во Загреб и Осиек, поради што е активиран црвениот аларм на Метеоаларм.

Вараждинскиот жупан Анѓелко Стричек објави фотографии направени по падежите од град во општина Петријанец. Големи штети има на земјоделските култури.

Текстот ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска, дрво падна на 15 годишно девојче е превземен од А1он.