Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и 2000 парчиња муниција најдени кај крушевчанец

Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштили и над 2000 парчиња ловечка и боева муниција се пронајдени при претрес на домот на 71-годишен крушевчанец информира Министерството за внатрешни работи. – Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба... Текстот Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и 2000 парчиња муниција најдени кај крушевчанец е превземен од А1он.

Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и 2000 парчиња муниција најдени кај крушевчанец

Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштили и над 2000 парчиња ловечка и боева муниција се пронајдени при претрес на домот на 71-годишен крушевчанец информира Министерството за внатрешни работи.

– Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Над 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и 2000 парчиња муниција најдени кај крушевчанец е превземен од А1он.