ВИДЕО: Експлозии во Киев, нов голем руски напад

Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот. „Ракета е соборена во близина на Киев“, напиша Кличко на апликацијата Телеграм. „Провоздушната одбрана работи“, додаде тој. Ukrainian air defenses likely intercepting a Russian cruise missile over Kyiv last... Текстот ВИДЕО: Експлозии во Киев, нов голем руски напад е превземен од А1он.

ВИДЕО: Експлозии во Киев, нов голем руски напад

Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот.

„Ракета е соборена во близина на Киев“, напиша Кличко на апликацијата Телеграм. „Провоздушната одбрана работи“, додаде тој.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во ноќта на неделата, Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади до сега. Тоа беше и првиот фатален напад во мај – загина 41-годишен маж, а најмалку две лица беа повредени.

Текстот ВИДЕО: Експлозии во Киев, нов голем руски напад е превземен од А1он.