ВИДЕО: Руски војник се обидува да се разнесе со граната за да не го заробат Украинците

Припадниците на 3-та јуришна бригада на Украина објавија видео од фронтот кај Бахмут на кое се гледа како заробуваат руски војници. Еден од Русите наводно се обидел да активира граната додека се приближувале, а потоа украинскиот војник го убива. Клипот беше објавен на Твитер на 3. јули. Тешко може да... Текстот ВИДЕО: Руски војник се обидува да се разнесе со граната за да не го заробат Украинците е превземен од А1он.

ВИДЕО: Руски војник се обидува да се разнесе со граната за да не го заробат Украинците

Припадниците на 3-та јуришна бригада на Украина објавија видео од фронтот кај Бахмут на кое се гледа како заробуваат руски војници.

Еден од Русите наводно се обидел да активира граната додека се приближувале, а потоа украинскиот војник го убива. Клипот беше објавен на Твитер на 3. јули.

Тешко може да се утврди неговата автентичност, како и дали навистина потекнува од околината на Бахмут, ниту дали заробениот руски војник имал дури и граната во џебот бидејќи лежел со предниот дел од телото свртен кон земјата.

Но, според она што може да се види на видеото, наводно командантот на 2. вод и неговите војници ги напаѓаат Русите и ги земаат како затвореници.

Кога му приоѓаат на руски војник, го прашауваат што се случува, додека еден украински војник вели: „Врати се“.

Потоа му приоѓа на рускиот војник и го прашува: „А ти?“. И тогаш извика: „е**ена граната!“ и пука во војникот кој ена земја.

Самото видео од убиството е заматено за да не може да се види чинот.

„Ги заробуваме Русите. Се разбира, кога еден од нив реши да ја извади иглата од гранатата, беше убиен на лице место“, велат од Трета јуришна бригада на Украина.

Текстот ВИДЕО: Руски војник се обидува да се разнесе со граната за да не го заробат Украинците е превземен од А1он.