Русија: Порано или подоцна, Европа ќе мора да му одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина

Порано или подоцна, Европа ќе мора повторно да размисли и да одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина. Ова го изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Порано или подоцна, европските држави и оние кои активно веќе целосно влегоа во овој конфликт ќе мора да размислат и да... Текстот Русија: Порано или подоцна, Европа ќе мора да му одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина е превземен од А1он.

Русија: Порано или подоцна, Европа ќе мора да му одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина

Порано или подоцна, Европа ќе мора повторно да размисли и да одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина. Ова го изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Порано или подоцна, европските држави и оние кои активно веќе целосно влегоа во овој конфликт ќе мора да размислат и да одговорат пред својот народ зошто го прават тоа, бидејќи нема да можат да ги избегнат негативните последици“, рече Песков во интервјуто со новинарот Павло Зарубин.

Тој посочи дека веќе доживуваат негативни економски последици.

„Знаеме дека Германија официјално влезе во рецесија минатата недела и дека инфлацијата постојано надминува седум проценти“, рече портпаролот.

Песков нагласи дека Кремљ верува дека европските земји нема да можат долго да ги објаснуваат своите економски проблеми со постапките на Русија.

„Можно е да се хранат со русофобија и тие (европските власти) ги хранат своите граѓани со русофобија, но ќе можат да го сторат тоа до одредено ниво“, рече портпаролот.

Претходно, германската влада ги нарече легитимни нападите на вооружените сили на Украина на територијата на Русија со оружје од украинско производство.

Текстот Русија: Порано или подоцна, Европа ќе мора да му одговори на својот народ зошто испраќа оружје во Украина е превземен од А1он.