ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Сцена која никому не му годи на стадионот пред настанот на годината во фудбалската елита. Фудбалерите на Интер и Манчестер Сити на теренот на стадионот Ататурк во Истанбул ќе се борат за трофејот наменет за шампионот на Европа. Meanwhile in Istanbul. The smoke has reached the stadium. ???? #UCLfinal pic.twitter.com/O1pL4JujaM... Текстот ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот е превземен од А1он.

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Сцена која никому не му годи на стадионот пред настанот на годината во фудбалската елита.

Фудбалерите на Интер и Манчестер Сити на теренот на стадионот Ататурк во Истанбул ќе се борат за трофејот наменет за шампионот на Европа.

Додека играчите на двата тима се подготвуваат за тој натпревар, пожарникарите се борат со огнената стихија недалеку од Ататурк.

Во Истанбул избувна пожар, па над стадионот на кој во 21 часот се игра финалето на Лигата на шампионите се гледа густ црн чад.

Како што пишуваат странските медиуми, пожарот избувнал во згради на неколку километри од местото каде што се игра финалето, а новинарите кои се на лице место наведуваат дека чадот најверојатно нема да влијае на најважниот натпревар сезонава во клубот фудбал.

Сити ќе се обиде да дојде до својата прва европска титула, а Интер би ја направил четврти пат во клупската историја.

Текстот ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот е превземен од А1он.